Брисел
Столтенберг: Вежбите на НАТО не се против Русија
31.10.2018 12:03
Маневрите „Спој на трозабецот“ се најголемите воени вежби по крајот на Студената Војна.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг тврди дека воените вежби во Норвешка не се насочени против ниту една земја. Потенцира дека Алијансата сака да се осигура дека може да продолжи да превенира конфликти.
Маневрите „Спој на трозабецот“ се најголемите воени вежби по крајот на Студената Војна. Русија најави дека истовремено ќе тестира проектили крај норвешкото крајбрежје.
