Фудбал

Враќање на лигашкиот фудбал во Македонија

28.02.2014 12:34

Утре се отвораат вратите на терените во Македонија.

Враќање на натпреварувачкиот фудбал.Со натпреварите од 20 коло во Првата лига започнува фудбалската пролет, која е продолжение на резултатски едно од најнеизвесните првенства во изминатите неколку години. На средината од декември 2013-та кога привремено се спушти натпреварувачката завеса, Хоризонт Турново, Вардар и Пелистер, со ист број на освоени бодови отидоа на  зимскиот распуст. Во трката за почестите и за излез во Европа  сеуште се и  Работнички,Металург и Ренова со релативно мал бодовен дефицит.На табелата без „златна средина“ жестока ќе биде и битката и за опстанок. Екипите, со акумулирана енергија во подготвителниот период, со кадровски промени  некаде  поголеми некаде помали, и со играчи исполнети со натпреварувачки предизвик,  утре истрчуваат.Работнички- Пелистер и Металург- Ренова се хит-мечевите. Своја привлечност имаат  и другите двојки. Распоредот за 20 коло е следниов:

Работнички-Пелистер

Напредок-Вардар

Гостивар-Еуромилк

Металург-Ренова

Брегалница-Хоризонт

В недела ќе играат: Шкендија- Македонија ЃП

Почетокот на сите натпревари е во 14 часот.

Табела:

1.Хоризонт    34

2.Вардар        34

3.Пелистер    34

4.Работнички 30

5.Металург     30

6.Ренова          29

7.Еуромилк    23

8.Шкендија    23

9.Брегалница  22

10.Македонија ЃП 19

11.Напредок           13

12.Гостивар            11