Владина работна група ќе одлучува за „Македонско село“
31.10.2018 12:09
Врз основа на анализата на сите законски решенија, ќе предложи постапка со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот.

Владата донесе одлука за формирање работна група за разгледување на новонастанатата фактичка состојба на „Македонско село“.
Врз основа на анализата на сите законски решенија, ќе предложи постапка со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот.
Инаку фирмите „Тинекс“ и „Квинс“ беа концесионери на етно-селото во Нерези, но менаџментот неодамна одлучи да го затвори комплексот поради нерантабилност.
