Владата предлага да се укине плаќањето по учинок за лекарите

31.10.2018 12:12

Основната плата и делот за успешност да се утврдува согласно со колективниот договор, и да се создадат услови за обезбедување кадар во јавните здравствени установи, преку преземање од приватните.

Владата предлага да се укине плаќањето по учинок на здравствените работници. Основната плата и делот за успешност да се утврдува согласно со колективниот договор, и да се создадат услови за обезбедување кадар во јавните здравствени установи, преку преземање од приватните.

„Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во кој, меѓу другото, се укинува принципот за плаќање по учинок на здравствените работници. Основната плата и делот за успешност ќе се утврдува согласно колективниот договор, како  и да се создадат услови за обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи“, соопштија од Владата.

Инаку лекарите уште пред шест години добиваат плата колку што ќе сработат.