САД бараат итен прекин на огнот во Јемен
Преговорите коишто ги водат со Обединетите Нации продолжуваат идниот месец. Конфликтот во Јемен се смета за најголемата хуманитарна криза во светот. Според проценките, 14 милиони луѓе се зависни целосно од странска помош.

Министерот за одбрана на САД Џим Матис и државниот секретар Мајк Помпео бараат итен прекин на огнот во Јемен. Потенцираат дека во наредните 30 дена сите страни треба да седнат на преговарачка маса и да запрат воздушните напади од коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Преговорите коишто ги водат со Обединетите Нации продолжуваат идниот месец. Конфликтот во Јемен се смета за најголемата хуманитарна криза во светот. Според проценките, 14 милиони луѓе се зависни целосно од странска помош.
Админстрацијата на американскиот претседател Трамп е под зголемен притисок поради логистичката и разузнавачката поддршка на коалицијата предводена од Саудијците, којашто ја поддржува владата на Јемен во борбата против бунтовничкото движење на Хутите.
