Запленети 46 килограми марихуана во Тетово
Во првиот објект било пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети. Во претресот во другиот објект, полицијата пронашла 45 килограми марихуана.

Полицијата заплени 46 килограми марихуана од 54 годишен тетовец. Дрогата е пронајдена при претрес на две куќи, негова сопственост. Во првиот објект било пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети.
Во претресот во другиот објект, полицијата пронашла 45 килограми марихуана. Тој е приведен во третовската полициска станица.
На распит кажал дека дрогата ја набавил од лице од Република Албанија. Доказниот материјал бил подигнат за вештачење.
