Кривичен суд
Одложено судското рочиште за собраниските настани од 27-ми април
31.10.2018 12:23
Судијката Добрила Кацарска го прекина и вчерашното рочиште, откако медицински лица го прегледале обвинетиот, по што судот бил известен дека е потребно тој да биде пренесен во болница...

Поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски, одложено судското рочиште за насилството во Собранието од 27-ми април, минатата година.
Судијката Добрила Кацарска го прекина и вчерашното рочиште, откако медицински лица го прегледале обвинетиот, по што судот бил известен дека е потребно тој да биде пренесен во болница, каде што треба да му биде направена рентген- снимка.
Судењето ќе продолжи в петок, на 2-ри ноември. Процесот е во доказна постапка, се прегледуваат видео снимките од безбедносните камери во законодавниот дом.
