Со имплементација на стандарди до олеснет влез на европскиот пазар
Институтот за стандардизација и Сојузот на стопанските комори потпишаа меморандум за соработка. Заедно ќе им помагаат на компаниите во имплементацијата на нови стандарди, кои ќе ја подобрат конкурентноста. Ќе се спроведуваат и обуки за постапките и начинот на стандардизацијата...

Иако има преведено околу 28.000 европски стандарди, домашните компании досега примениле само некои од нив, најголемиот дел за квалитет и за заштита на животната средина. Од надлежниот Институтот велат дека имплементација на нови стандарди е можност фирмите да станат конкурентни и да ја зголемат довербата кај потрошувачите.
Во наредниот период ќе бидат спроведени обуки за информирање на бизнис- секторот за постапките и начинот на стандардизацијата. Потпишан е меморандумот меѓу Сојузот на стопанските комори и Институтот за стандардизација.
Според податоците, најпродавани се стандардите во градежништвото, трговијата и безбедноста на храна.
Дијана Ценевска
