Австрија се повлекува од глобалниот договор за мигранти
31.10.2018 14:31
Канцеларот Курц и вицеканцеларот Штрахе најавија дека нема да испратат официјален претставник на конференцијата во Маракеш во декември.

Поради суштински несогласувања и по примерот на САД и Унгарија, Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за мигрантите.
Канцеларот Курц и вицеканцеларот Штрахе најавија дека нема да испратат официјален претставник на конференцијата во Маракеш во декември.
За австриските власти, Договорот не го регулира мигрантското прашање и може да ги избрише разликите меѓу легалната и илегалната миграција.
