Со „План 18“ Македонија ќе ги спроведува неопходните реформи
Со нов „План 18“, Македонија ќе ги спроведува европските реформи во правосудството, безбедносните реформи, јавната администрација и антикорупциската политика. По утрешната средба на вицепремиерот Османи со грчкиот алетрнативен министер за надворешни работи Катругалос, ќе започне стратегиското партнерство меѓу двете земји со испраќање на грчки експерти за поддршка во евроинтегративните процеси...

По финализирањето на Договорот од Преспа, Грција и Македонија ќе го почнат стратегиското партнерство. Експерти од соседната земја ќе дојдат во Скопје за да помагаат при скрининг- процесот, а и наши луѓе ќе одат во Атина. Ова, меѓу другото ќе биде разговарано на средбата меѓу вицепремиерот Османи со грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Катругалос.
За да се спроведат сите неопходни реформи до февруари идната година, согласно со заклучоците на Европскиот совет, Владата го усвои „Планот 18“. Клучни области се правосудството, безбедносните служби, јавната администрација и антикорупциската политика.
Вицепремиерот Османи в четврток заминува за Атина, по што во земјава ќе се врати со првата авионска линија меѓу Скопје и Грчката престолнина.
Ирина Гелевска
