Претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Кржаловски поднесе оставка

31.10.2018 15:01

Според партискиот статут, целиот Извршен комитет на Унија на млади сили е во оставка...

Претседателот на Унијата на млади сили, Лука Кржаловски, на Фејсбук објави дека поднесува неотповиклива оставка од партиската функција. Според партискиот статут, целиот Извршен комитет на Унија на млади сили е во оставка.

„За вакви ситуации постојат вредностите на кои што се базира нашата партија, а со кои што сум израснат преку моето долгогодишно дејствување во Унијата на млади сили. Тие вредности беа моја клучна водилка да се одлучам на овој сериозен чекор. За жал, стигнав до заклучок, кој што сум убеден дека го споделува и пошироката јавност, а особено младиот сегмент од популацијата, дека во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на една мала група луѓе“, вели Кржаловски.

Вчера од партиската фунција, претседател на Унија на жени на партијата, оставка поднесе и Даниела Рангелова, веднаш по неа и незијните сопартијци, Затуровска и Кузмановска.