Уставен не поведе постапка за урбанистичкиот план во Аеродром

31.10.2018 15:17

Судиите оценија, планот за градба е согласно со законот и Уставот. Беше донесен во април 2017-та година со многубројни забелешки од жителите.

Уставниот суд одлучи - нема да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на деталниот урбанистички план на Општина Аеродром, со кој се овозможува изградба на деветкатница пред „Мајчин дом“. Оценија, планот за градба е согласно со законот и уставот. Беше донесен во април 2017 година со многубројни забелешки од жителите.

Локалните власти ги стопираа градежните активности. Обврзани сме да ја почитуваме одлуката на судот, како институција со највисока надлежност за овој случај, велат од Општина Аеродром.

Наведуваат дека се исцрпени сите механизми со кои општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај „Мајчин дом“, стои во соопштението од Општина Ареодром.