Индонезија: Детектирани сигнали од црната кутија на урнатиот авион
31.10.2018 15:24
Поради несреќата, компанијата „Лајон ер“ го отпушти техничкиот директор...

Националниот комитет за безбедност во транспортот потврди дека сигналите регистрирани во Јаванско Море се од црната кутија на урнатиот авион на „Лајон ер“.
Несреќата се случи 13 минути по летнувањето од Џакарта. Во авионот имало 189 патници.
Поради несреќата, компанијата „Лајон ер“ го отпушти техничкиот директор по наредба на Министерството за транспорт.
