Седница за пратенички прашања, економијата и здравството во фокус
Во Законодавниот дом, октомвриска седница за пратенички прашања, прва по есенскиот референдум. Опозицијата бара одговори за полнењето кутии за време на граѓанското изјаснување. Власта побара докази за евентуални злоупотреби. Тврди - резултатот е реален. Интерес на народните избраници, економијата и здравството...

На седницата за пратенички прашања, Владимир Ѓорчев од ВМРО- ДПМНЕ побара одговор од премиерот Зоран Заев, зошто институциите не преземале мерки, за како што рече, случаите со полнење избирачки кутии на одредени места за време на референдумското изјаснување.
Премиерот Заев одговори дека никогаш не поддржувал, а ниту ќе поддржи вакви бесправни акти. Тој упати апел до институциите, да постапуваат по секоја поднесена пријава. „Апелирам на казни и одговорности согласно со Законот“ - рече Заев.
Премиерот додаде и дека референдумот бил консултативен и дека додавањето гласови не им било во полза и не им требале фиктивни бројки.
Пратеникот Илија Димовски, постави прашање до Владата зошто не ги разгледала сите опции за одлуката за изградба на новиот Клинички центар во главниот град. Според него, погрешна била одлуката да се стопира проектор на претходната Влада.
Премиерот Заев посочи дека владата е отворена за консултации со сите релевантни субјекти во државата за да се одреди местото за градење на Клиничкиот центар за кој досега постојат три можни локации.
Седницата за пратенички прашања се одржува по пауза од два месеца, поради одморите и активностите за организација на референдумот.
Игор Панов
