Македонија 10-та во светот според „Дуинг бизнис 2019“

31.10.2018 16:01

Македонија најдобро стои во делот на заштитата на малцинските инвеститори, најслабо кај снабдувањето со електрична енергија, регистрирање имот и почнување бизнис. Највисоко позиционирана во однос на државите од регионот.

Објавен е најновиот извештај на „Дуинг бизнис“ на Светска банка. Македонија се најде на 10-то место во светот од 190 рангирани држави. Ова претставува подобрување за една позиција во однос на претходната година.

Земјите се оценуваат по 10 критериуми. Македонија најдобро стои во делот на заштитата на малцинските инвеститори, најслабо кај снабдувањето со електрична енергија, регистрирање имот и почнување бизнис. Највисоко позиционирана во однос на државите од регионот.

Листата ја предводи Нов Зеланд, а меѓу најдобрите се и: Сингапур, Данска, Хонгконг, Јужна Кореја, Грузија, Норвешка, САД и Велика Британија.