Трамп: Ќе распоредиме уште повеќе војници на границата
Во рамките на операцијата „верен патриот“, Пентагон одобри мобилизирање на 5.200 војници за чување на територијата на Тексас, Аризона и Калифорнија, како засилување на капацитетите на веќе распоредените приапдници на националната гарда.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да распореди до 15.000 војници на границата со Мексико за да се спречи мигрантскиот карван од Централноамериканските земји.
Во рамките на операцијата „верен патриот“, Пентагон одобри мобилизирање на 5.200 војници за чување на територијата на Тексас, Аризона и Калифорнија, како засилување на капацитетите на веќе распоредените приапдници на националната гарда.
Мигрантската криза на граничните премини е меѓу приоритетните прашања пред конгресните избори кои се одржуваат за неколку дена.
