Американците разочарани од Обама

28.02.2014 13:20

41 насто од испитаниците изјавиле дека се уште имаат доверба во Обама, додека 57 насто се незадоволни од начинот на кој демократскиот лидер ја врши својата должност...

Речиси шест од десет Американци се разочарани од претседателот Барак Обама, покажува најновата анкета на „Њујорк Тајмс“. Според анкетата навесникот што ја пренесува  и телевизијата „ЦБС“, 82 испитани демократи сакаат Хилари Клинтон да биде кандидт на демократите, на следните претседателски избори што треба да се одржат во 2016 -та.

41 насто од испитаниците изјавиле  дека се уште имаат доверба во Обама, додека 57 насто се незадоволни од начинот на кој демократскиот лидер ја врши својата должност.

Се смета дека претседателот немал успех со реформите во здравството ниту пак со економската обнова, мачејќи се да ја доведе невработеноста на ниво пред кризата во 2008 -та.