Замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Со мерката се замрзнати 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата, соопштија од СЈО. Се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп.

По барање на Специјалното јавно обвинителство, судија на претходна постапка на скопскиот Кривичен суд, донесе решение за времена мерка за замрзнување на имот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со мерката се замрзнати 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата, соопштија од СЈО. Се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп.
Дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“, бидејќи има сомнежи дека може да биде отуѓен до завршување на постапката, стои во дописот.
Во „Талир“ осомничени се 14 лица, меѓу нив и екс- лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
