Официјално почнува со работа новата Оперативно- техничка агенција
Тврдината е демолирана, не постојат ниту теоретски, ниту практични причини за злоупотреба на системот за следење на комуникациите - став на министерот за внатрешни Спасовски и директорот на Оперативно- техничката агенција, Ангеловски. ОТА и официјално почна да работи...

Тврдината е демолирана, не постојат ниту теоретски, ниту практични причини за злоупотреба на системот за следење на комуникациите, изјавија министерот за внатрешни Спасовски и директорот на ОТА, Ангеловски. И официјално почнува со работа новата Оперативно- техничка агенција во МВР.
Министерот Спасовски информира дека контролата врз работата на Агенцијата ќе биде повеќестепена преку собраниска комисија, граѓански организации и експерти.
Според директорот на ОТА, Ангеловски, моделот за функционирање е оптимално решение за Република Македонија и нема да дозволи да се повторат претходните афери.
ОТА во моментот располага со технички кадар преземен од МВР, односно четири лица од Бирото за јавна безбедност и тројца од Управата за безбедност и контраразузнавање. Директорот најави дека останатите вработени ќе бидат преку објавен конкурс.
