Тепачка меѓу две семејства во Куманово заврши трагично, приведени 9 лица
Вчера околу 18 часот и 30 минути во полициската станица било пријавено дека на улица „Тоде Мендол“ во Диво насеље било пукано од огнено оружје. Едно лице било рането. Прво било пренесено во кумановскиот Ургентен центар, а потоа и на скопскиот клинички, каде што починал.

Тепачка меѓу две семејства во Куманово заврши трагично. Вчера околу 18 часот и 30 минути во полициската станица било пријавено дека на улица „Тоде Мендол“ во Диво насеље било пукано од огнено оружје. Едно лице било рането. Прво било пренесено во кумановскиот Ургентен центар, а потоа и на скопскиот клинички, каде што починал.
Еден имал убодна рана од нож, а неколку лица биле повреди од тврди предмети. Четворица сами се пријавиле во полиција, меѓу кои и осомничениот за убиството, а петмина се приведени.
Обезбедени се трагите од место на инцидентот, пронајденото е ладно оружје и испуканите чаури. Претстои нивно вештачење кое ќе ги даде потребните податоци и доказите за натамошниот тек на кривичната постапка, информираат од Обвинителството. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице.
