Дипломатија
Во Атина средба Катругалос - Османи
01.11.2018 13:05
Вицепремиерот за евроинтеграции османи во Атина на средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Катругалос. На маса билатералните односи меѓу двете земји, Договорот од Преспа и македонските евроинтеграции...

Вицепремиерот за евроинтеграции Османи во Атина на средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Катругалос. Тема на разговорот, билатералните односи меѓу двете земји, спогодбата од Преспа и обврските што произлегуваат од неа.
На маса и мерките за градење доверба, унапредување на односите меѓу двете држави и грчката поддршка за македонските евроинтеграции.
И покрај турбулентниот период, процесот за имплементација на договорот во двете земји не е загрозен, смета вицепремиерот Османи.
