Премиерот Заев на регионален самит во Тирана
01.11.2018 13:06
Присуствуваат шефови на држави и на влади на земјите од Западен Балкан и од Медитеранот. Се дискутира за идентификување на заедничките предизвици на државите и решенијата за побезбеден, мирољубив и економски развиен свет.

Премиерот Зоран Заев учествува на Самитот за регионална интерконекција и безбедност, што се одржува во Тирана. Присуствуваат шефови на држави и на влади на земјите од Западен Балкан и од Медитеранот.
Се дискутира за идентификување на заедничките предизвици на државите и решенијата за побезбеден, мирољубив и економски развиен свет.
Самитот го отворија премиерите на Албанија и на Израел, Еди Рама и Бењамин Нетанјаху.
