Авиосообраќај

Од денес директен лет Скопје- Атина

01.11.2018 13:07

Авиокомпанијата ја најави линијата во октомври лани, а поврзување меѓу двата града се случува по повеќе од 10 години.

Од денеска директен лет Скопје- Атина. Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ ќе лета двапати неделно, во вторник и во четврток. Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

Авиокомпанијата ја најави линијата во октомври лани, а поврзување меѓу двата града се случува по повеќе од 10 години.

Претходно од 2003-та година имаше директно авионско поврзување меѓу двете метрополи со редовна линија пет пати седмично, но беше прекинато.