Турција

Кашоги бил задавен во Саудискиот конзулат во Истанбул

01.11.2018 13:08

Властите во Ријад прво ги негираа обвинувањата од Анкара за убиството на колумнистот на „Вашингтон пост“, за подоцна да признаат дека убиството на Кашоги било резултат на „лоша операција“, односно дека починал во тепачка со агентите во конзулатот.

Турскиот јавен обвинител соопшти дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил задавен откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул, а потоа неговото тело било исечено на парчиња.

Властите во Ријад прво ги негираа обвинувањата од Анкара за убиството на колумнистот на „Вашингтон пост“, за подоцна да признаат дека убиството на Кашоги било резултат на „лоша операција“, односно дека починал во тепачка со агентите во конзулатот.

Уапсени се 18 осомничени, на кои ќе им се суди во Саудиска Арабија. Официјална Анкара бара тие да бидат екстрадирани во Турција.