ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Без оглед на заканите и притисоците, продолжуваме со истиот курс

01.11.2018 13:09

Потврдени предходните одлуки за неменување на Уставот со цел промена на уставното име и дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО останува приоритет во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ, но без нарушување на достоинството на Македонија и македонскиот народ, се вели во соопштението.

Без оглед на сите закани, уцени и притисоци, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со истиот курс во заштита на највисоките државни и национални интереси, заклучок на Извршниот комитет на партијата.

Потврдени предходните одлуки за неменување на Уставот со цел промена на уставното име и дека членството на Македонија во ЕУ и НАТО останува приоритет во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ, но без нарушување на достоинството на Македонија и македонскиот народ, се вели во соопштението.

На Извршниот комитет констатирани оставките на Даниела Рангелова и на Лука Кржалоски од позициите претседател на Унијата на жени и на подмладокот. Нов координатор на пратеничката група во Собранието е Никола Мицевски. Доаѓа на местото на Драган Данев, кој се повлече на негово барање.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ќе делуваат како една пратеничка група.