Дескоска: Амнестија за 27-ми април не треба да има

01.11.2018 13:14

Според неа, станува збор за настан што оставил не само лична траума на луѓе, туку и траума врз целото општество. Смета дека се потребни правни дејствија, но и политички разговор за пратениците кои трпат закани поради нивните ставови.

Амнестија за настаните на 27-ми април не треба да има, децидна е министерката за правда Рената Тренеска Дескоска. Според неа, станува збор за настан што оставил не само лична траума на луѓе, туку и траума врз целото општество. Смета дека се потребни правни дејствија, но и политички разговор за пратениците кои трпат закани поради нивните ставови.

Ние во рамки на реформската агенда мора да покажеме подготвеност како држава да процесуираме и да дојдеме до степен на одговорност за случаите што ги води СЈО, како и за случувањата од 27-ми април, истакна Дескоска.

За помирувањето, таа рече дека тоа би бил некаков процес на разговори, преку формирање тело во Собранието, чиј состав сѐ уште не е дефиниран ниту во моментов е познато како тоа би се формирало.