Формула 1
И американци во Ф1
28.02.2014 13:23
Станува збор за екипата на Стјуарт-Хаас која се натпреварува во Наскар натпреварите...

Се е поизвесно дека од следната сезона во 2015-тата ФИА ќе одобри настап во Ф1- шампионатот на уште еден тим.
Станува збор за екипата на Стјуарт-Хаас која се натпреварува во Наскар натпреварите. Сопственикот на тимот веќе имал разговори со претседателот на ФИА Жан Тод и е потврдено дека шасијата за новиот болид ќе биде дизајнирана во италијанската Далара, а моторот најверојатно ќе биде производ на Косворт, иако во игра е и Ферари.
Непотврдено, три тима конкурирале за место во Ф1 шампионатот, а најреални се шансите на Стјуарт-Хаас.
