Лондон

Постигнат прелиминарен договор за Брегзит

01.11.2018 13:47

Според наводите, договорот ќе им овозможи на фирмите на островот траен пристап до пазарите на ЕУ по Брегзит, како и пристап на британските компании до европските пазари.

Британската премиерка Тереза Меј постигна прелиминарен договор со Европската унија за Брегзит, објави „тајмс“, повикувајќи се на владини извори.

Според наводите, договорот ќе им овозможи на фирмите на островот траен пристап до пазарите на ЕУ по Брегзит, како и пристап на британските компании до европските пазари.

По објавувањето на договорот, вредноста на фунтата се зголеми за 0,5 поени во однос на американскиот долар.