Богата програма на „Синедејс“
17-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм, Синедејс ќе се одржи од 8-ми до 18-ти овој месец. Организаторот најавува богата програма за истенчениот вкус на верната публика...

Богата програма на годинашниот „Синедејс“. Фестивалот ќе понуди филмови што „гравитираат“ во неколку програмски целини. Од 8-ми до 18-ти ноември, ќе биде прикажано 21 остварување во гала- програмата, која изобилува со врвни режисерски имиња, наградувани на фестивали во Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин и Ротердам.
Официјалната селекција и програмата „Синебалкан“ ќе понуди осум филма на млади европски режисери, кои се натпреваруваат за наградите Златна, Сребрена и Сина Ѕвезда.
Градоначалникот Шилегов со апел до помладата публика. Побара да се врати промоцијата на вистинските вредности.
Седумнаесеттото издание на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ ќе биде затворено со долгоочекуваната македонска премиера на филмот „Хеј“ на режисерот Васил Христов.
Александра Спировска
