Формула 1

Рено уште со проблеми

28.02.2014 13:26

Францускиот производител на мотори за Ф1 тимовите на Ред Бул, Катерхам, Лотус и Торо Росо уште не е подготвен за конечна стандардизација и хомологација на новиот В6 турбо агрегат...

Францускиот производител на мотори за Ф1 тимовите на Ред Бул, Катерхам, Лотус и Торо Росо уште не е подготвен за конечна стандардизација и хомологација на новиот В6 турбо агрегат. Рокот истекува вечер, Ферари и Мецедес ги подготвија своите мотори за финална хомологација, а Рено бара одложување барем за месец-два.

Од Рено стигнува потврдата дека на таа тема веќе е разговарано со претседателот на ФИА, Жан Тод и дека е побарано нивниот предлог да биде на дневен ред и на состанокот на стратешката група на Ф1 во Лондон. Колку и дали ќе биде излезено на ваквите барања останува да се види, особено што новата сезона стартува за 2 недели.