Фонд за иновации: Дебата за новиот протокол за проценка на ризик
За 15 дена нов протокол за проценка на ризик за компаниите кои ќе учествуваат на јавен повик за државни пари, велат од Фондот за иновации. Правото да конкурираат имаат сите фирми. Ќе се утврдат точните критериуми клучни за тоа дали ќе се доделат парите. Проценка ќе има и за четирите фирми од првиот повик...

Сите компании ќе имаат право да конкурираат за државните пари од Фондот за иновации, и оние кои во сопственичката структура имаат носител на јавна функција. Сепак, се работи на Протоколот што треба да биде готов за 15 дена. Преку него ќе се прави проценката на ризик за бизнисот, по што ќе биде решено дали на компанијата ќе ѝ бидат доделени средства.
Од невладината „Транспаренси Интернешнл“ велат дека дека ова е добро решение за да се отстранат сите сомнежи. Со измените во Законот за спречување корупција и утврдувањето на вистинските сопственици на фирмите, ќе има јасна ситуација, објаснува Тасева.
Со новиот Протокол ќе се врши проценка на одржливост на бизнисот и на четирите фирми од првиот повик, за да се реши дали ќе продолжат со процесуирање на постапката.
Дијана Ценевска
