Русија: Санкции за украински политичари и компании

01.11.2018 15:25

Според указот потпишан од премиерот Дмитриј Медведев, 332 физички лица и 68 украински компании ќе имаат замрзнат имот во Русија. Меѓу нив се министрите за одбрана и внатрешни работи, јавниот обвинител и началникот на генералштабот на укаринската војска.

Русија воведе економски санкции против 400 поединци и правни лица од Украина, во момент на растечки тензии меѓу Киев и Москва. Ова се први санкции на Москва против соседна Украина од избивањето на прорускиот бунт на истокот на земјата пред четири години.

Според указот потпишан од премиерот Дмитриј Медведев, 332 физички лица и 68 украински компании ќе имаат замрзнат имот во Русија. Меѓу нив се министрите за одбрана и внатрешни работи, јавниот обвинител и началникот на генералштабот на укаринската војска.

Со санкциите е опфатена и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.