САД
Стејт департментот со барање да се најде телото на Кашоги
02.11.2018 09:50
Колумнистот на „Вашингтон пост“, познат критичар на Владата на Саудиска Арабија беше убиен минатиот месец во конзулатот во Истанбул.

„Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги треба да биде лоцирано и вратено на неговото семејство“, изјави претставникот на американскиот Стејт департмент, Паладино. Слично барање за Ријад и од турскиот министер за правда Ѓул.
Колумнистот на „Вашингтон пост“, познат критичар на Владата на Саудиска Арабија беше убиен минатиот месец во конзулатот во Истанбул.
На Ајфеловата кула во Париз беа изгаснати светлата во знак на почит кон убиените медиумски работници по повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите.
