ЕБОР: Растот на македонската економија годинава 2%
02.11.2018 10:10
Во делот за Македонија, банката појаснува дека се забележува умерено раздвижување, но сѐ уште помало од вкупниот раст на регионот.

Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој за растот на македонската економија за годинава е два отсто. Во извештајот за економските перспективи, ЕБОР за 2019-та година предвидува раст на БДП од три проценти.
Во делот за Македонија, банката појаснува дека се забележува умерено раздвижување, но сѐ уште помало од вкупниот раст на регионот.
За регионот на Југоисточна Европа, ЕБОР предвидува раст од 3,5 отсто.
