Напад врз бунтовничка база во Јемен
02.11.2018 10:18
Според локалните жители, базата е погодена дваесеттина пати. Аеродромот работи за хуманитарните операции на Обединетите нации и други организации.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија почна воздушни напади врз бунтовничката база Ад Дулајми во близина на меѓународниот аеродром во јеменската престолнина Сана.
Според локалните жители, базата е погодена дваесеттина пати. Аеродромот работи за хуманитарните операции на Обединетите нации и други организации.
Конфликтот во Јемен меѓу владините сили и бунтовниците почна пред четири години. САД повикаа итен прекин на огнот.
