САД: Ученици загинаа во неколку сообраќајни несреќи

02.11.2018 14:10

Во четири одделни случаи, автомобили удрија во деца поради, како што велат властите, невнимателни и дефоксуирани возачи. Засега е уапсена една жена.

Неделава во САД загинаа пет ученици во сообраќајни несреќи на автобуски постојки. Во четири одделни случаи, автомобили удрија во деца поради, како што велат властите, невнимателни и дефоксуирани возачи. Засега е уапсена една жена.

Во 50 сојузни држави е забрането претекнување на автобус на постојка додека е активиран знакот „Стоп“.

Покрај загинатите, во Индијана, Мисисипи, Пенсилванија и Флорида има и неколку повредени ученици. Двајца се во критична состојба.