САД: Утре избори за конгресмени и сенатори
Американскиот претседател изјави дека неговиот фокус пред се е ставен врз изборите за Сенатот, навестувајќи дека не е голем оптимист за можноста Републиканците да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот.

Утре американците ќе треба да се изјаснат што всушност мислат за политиката на претседателот Трамп. На средина од неговиот мандат, изборите за Конгресот се тест за него.
Американскиот претседател изјави дека неговиот фокус пред се е ставен врз изборите за Сенатот, навестувајќи дека не е голем оптимист за можноста Републиканците да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот.
Американците во вторник ќе избираат 435 конгресмени и третина од членовите на Сенатот. Според најновите анкети, Демократите се во предност пред Републиканците.
