Техеран

На сила санкциите кон Иран

05.11.2018 10:56

Американските санкции се однесуваат на транспортниот, финансискиот и енергетскиот сектор на Иран, а тоа е втор пакет санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот во мај годинава.

Стапија во сила американските санкции за Иран. Техеран најави нивно кршење. Америка сакаше да ја сведе продажбата на иранска нафта на нула, но ние ќе продолжиме да продаваме нафта и да ги кршиме санкциите, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

Американските санкции се однесуваат на транспортниот, финансискиот и енергетскиот сектор на Иран, а тоа е втор пакет санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот во мај годинава.

Американските санкции ги поздрави Израел, додека ЕУ, Франција, Германија и Велика Британија претходно во заедничко соопштение порачаа дека жалат поради таквата одлука на Вашингтон.