Кривичен суд
Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“
05.11.2018 11:16
За случајот „Титаник“, СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 700 разговори...

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите на СЈО „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“.
За случајот „Титаник“, СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 700 разговори. На минатото рочиште за „Насилство во Центар“ исказ пред судот даде поранешниот директор на ПОЦ и актуелен градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ.
Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.
