Тешки кражби низ земјава

28.02.2014 14:01

Во Скопје повторно кражба на злато и евра...

СВР Битола поднесе кривична пријава против лице од Кочани, заради постоење основани сомненија дека сторил осум кривични дела „тешка кражба“ и шест кривични дела „тешка кражба“ во обид. 
 
Пријавениот во последниот квартал лани провалил  во четири викендици во битолските села Опеш, Ротино и Гопеш и одзел бакарни предмети и алати во вредност од околу 15.500 денари. Исто така, пријавениот извршил тешки кражби во црквите „Св. Спас“ во с.Братин Дол и „Св. Атанасиј“ на м.в. „Смолево“,„Св. Ѓорѓија“ кај м.в. „Сребрена Вода“ и „Св. Никола“ во с.Секирани, од каде одзел парични средства во износ од 7.500 денари, додека на крајот од  2013 година, со подесен алат насилно влегол во шест викендици од кои три во Гопеш, две во село Кажани и една во Драгажани Битолско, но не одзел ништо, туку само  предизвикал материјална штета од околу 4.000 денари. 
 
Во Скопје повторно кражба на злато и евра. На улица „Христофер Жефраровиќ“, непознат сторител извршил тешка кражба во куќа при што украл.800 евра и златен накит и се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.