Ирак: Шест лица загинати во напади на ИДИЛ

05.11.2018 12:46

Над 20 се ранети синоќа при неколку напади во делови на ирачкиот главен град Багдад, во кои мнозинството од жителите се Шиити.

Шест лица загинаа, а над 20 се ранети синоќа при неколку напади во делови на ирачкиот главен град Багдад, во кои мнозинството од жителите се Шиити. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава.

По воениот пораз што го доживеа на бојното поле при минатогодишната офанзива на ирачката армија, ИСИС продолжи со киднапирања и бомбашки напади во земјата.