Соботка: Австрија ги поддржува евроатлантските интеграции на Македонија
Договорот за добрососедство со Бугарија и спогодбата од Преспа гарантираат добра иднина за Македонија, вели првиот човек на австрискиот Национален совет, Соботка...

Австриска безрезервна поддршка за македонските евроинтегрции. Договорот за добрососедство со Бугарија и спогодбата од Преспа гарантираат добра иднина за Македонија, вели првиот човек на австрискиот Национален совет, Соботка.
„По одредени турбуленции, во последно време во Македонија се преземаа сериозни чекори за подобрување на меѓусоседската соработка, со што се надминати многу пречки што претходно беа поставени“, нагласи претседателот на Националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка.
Македонија нема план Б, вратите за членство во НАТО и ЕУ ќе бидат отворени само со целосна имплементација на Договорот со Грција, смета претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Соботка ќе има и обраќање пред пратениците на закажаната 63-та Собраниска седница, а превидено е да се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Антонио Милошоски, и членовите на оваа Комисија.
