Делегација Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија
05.11.2018 13:04
Во прва посета на Македонија доаѓа делегација на Воениот комитет на НАТО, предводена од генерал- полковник Стивен Шепро...

Утре и задутре во прва посета на Македонија доаѓа делегација на Воениот комитет на НАТО, предводена од генерал- полковник Стивен Шепро.
Ќе има разговори со министерката за одбрана Шекеринска и со началникот на генералштабот на АРМ, генерал- мајор Васко Ѓурчиновски. На маса, евроатлантските интеграции и учеството на АРМ во мисиите предводени од Алијансата.
