Три модели за реформа на Управата за безбедност и контраразузнавање
По кој модел ќе се изврши реформа на безбедносните служби? Научната фела поделена во мислењата, од Министерството за внатрешни, пак, подготвени да се спроведе најдоброто решение. Мора да има и строга селекција при вработувањето во тајните служби...

На маса, три модели за реформа на Управата за безбедност и контраразузнавање. УБК надвор од МВР- како владина агенција, според вториот модел, УБК и Агенцијата за разузнавање да се обединат во една нова агенција, надвор од МВР или пак, службите да останат според сегашната структура. Министерот Спасовски дециден- МВР е подготвено за кој било од трите модели. Според него, најважно е што има политичка волја за спроведување на реформите.
Според професорот Николовски, сегашниот модел има многу пропусти посочувајќи ги аферата „Дувло“, „Големото уво“ и прислушувањето на над 20 илјади граѓани. Вели-тоа се слабости, но има и сомнителен кадар во безбедносните служби.
Професорот Батковски, предлага нов Закон за национална безбедност со кој ќе се одредат местото и надлежностите на безбедносните субјекти што ќе го сочинуваат. Мора да има строги критериум за вработување.
Министерот Спасовски посочи дека до 15-ти ноември треба до Владата да предложи еден од моделите, по што, како што рече, ќе следуваат анализа и зелено светло за спроведување на оваа безбедносна реформа.
Наташа Гркова- Петрушевска
