Администрација

Манчевски: Функционална анализа на институциите

05.11.2018 15:18

Поголем квалитет на услугите за граѓаните и помали трошоци, ова е целта на реорганизацијата на државната и јавната администрација. Министерот за информатичко општество Манчевски вели дека се прави анализа дали некои институции ќе се укинат или организациски структури со слични дејности ќе се обединат...

Поголем квалитет на услугите за граѓаните и помали трошоци е целта на реорганизацијата на државната и јавната администрација што ја подготвува Минстерството за информатичко општество и администација.

Според министерот Дамјан Манчевски во тек е хоризонталната функционална анализа за да се утврди дали некои институции ќе се укинат и дали неколку организаиони структури со слични дејности ќе се обединат.

Ресорниот министер смета дека министерствата треба да бидат креатори на политиките, агенциите спроведувачи на дејностите, додека инспекциските служби да ја извршуваат контролната и надзорната функција.

Од податоците што ги изнесе министерот Манчевски, во јавната и државната администеација се вработени околу 125.000 лица, а од администрација по основ на пензионирање или пак во приватен сектор досега заминале 6.489 вработени.     

 

Игор Панов