Утре во Скопје состанок на Воениот комитет на НАТО
05.11.2018 15:20
Генерал- потполковник Стивен Шепро ќе има разговори со министерката за одбрана Шекеринска и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- мајор Васко Ѓурчиновски.

Во Скопје утре првпат состанок на Воениот комитет на НАТО во формат 29 плус еден. Македонија два дена ќе биде домаќин на воените претставници на земјите- членки на алијансата.
Генерал- потполковник Стивен Шепро ќе има разговори со министерката за одбрана Шекеринска и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- мајор Васко Ѓурчиновски.
На маса, евроатлантските интеграции и учеството на АРМ во мисиите предводени од Алијансата.
