Претприемачкиот дух кај младите- можност за развој на нови бизниси
Европска недела на мали и средни претпријатија. По десети пат јавна дискусија во Битола. Да го потикнеме претприемништвото и отворањето на самостојни бизниси и да кажеме стоп на иселувањето- порака од битолскиот Младински културен центар...

Развојот на информатичките технологи, полесниот пристап до финансиски средства и проток на идеи и полесното здружување на младите, се фактори кои придонеле последните неколку години да се зголеми трендот на млади луѓе кои одлучиле да отворат свои компании.
Но, сепак тоа сѐ уште не е на посакуваното ниво, велат од Европската бизнис асоцијација. Според нив, треба уште повеќе да се работи на подобрување на некои објективни и субјективни фактори. Засега најзастапени се бизнисите во информатичките технологии.
Во државава сѐ уште нема точна статистика колку млади луѓе биле поттикнати да отворат самостоен бизнис, но факт е дека работите одат кон подобро. Наша интенција е преку ваквите настани, уште повеќе да го потикнеме претприемачкиот дух, но и преку тоа да кажеме стоп на иселувањето- порачаа од битолскиот Младински културен центар.
Потикнувањето на претприемништвото е иден глобален настан кој се организира ширум Европа, а Битола тоа го прави по десети пат, и е единствен град покрај метрополата кој го одбележува Европскиот ден на малите и средни претпријатија.
Стевче Митревски
