Турција: Нови апсењa на осомничени за поврзаност со ФЕТО

05.11.2018 16:08

Во операција во 14 области на земјата се уапсени 20 војници. Полицијата ја продолжува потрагата по уште шест осомничени.

Турските власти издадоа налози за апсење на 26 војници, осомничени за поврзаност со организацијата ФЕТО. Во операција во 14 области на земјата се уапсени 20 војници. Полицијата ја продолжува потрагата по уште шест осомничени.

Според турските власти, групата на Фетулах Ѓулен кој живее во САД е одговорна за обидот за преврат во Турција во 2016-та година.