Кошарка – Евролига

Барселона максимална и по гостувањето во Истанбул

28.02.2014 14:15

Се уште никој теоретски нема обезбедено четвртфинале во кошаркарската Евролига, но се појасно се наѕираат учесниците во нокаут фазата или пак уште повидливи се екипите што се само со минимални шанси за напредок.

Барселона е единстевна со максимален ефект од осум победи затоа што имаше и среќа и умешност и се извлече на гостувањето кај Анадолу Ефес. Каталонците славеа по продолжение со 89:84 иако на три секунди до крајот на основниот дел губеа со три разлика. Олесон го погоди првото и намерно го промаши второто слободно фрлање, а Дорси со кош од одбојка им донесе дополнителни пет минути на гостите. Во нив депримираните кошаркари на ЕФес немаа сила да го задржат разиграниот Томиќ кој мечот го сварши со 26 поени и 16 скока и со 40 индексни поени.

Втората позиција во групата Е во Топ 16 фазата веднаш зад Барса ја задржа Армани Милано кој дома го совлада и вториот грчки претставник, Панатинаикос. 77:75 за петта победа на Италијанците кои во текот на мечот имаа и +18, а на крајот мораа да се спасуваат затоа што ПАО имаше напад од три секунди за продолжение или за победа којшто не го искористи. Ленгфорд беше најефиксан кај домаќините со 18, а Гист кај гостите со 21 поен.

Во шпанската пресметка, Уникаха Малага беше подобра на гостувањето кај Лаборал Куча со 81:71 и се израмни на третата и четвртата позиција со Панатинаикос со по четири триумфи и порази. Кај Уникаха најасположен со 14 коша беше Тулсом, кај домаќините Ночиони со 18, додека без поени во дебито за Лаборал остана некогашниот кошаркар на Лејкерс, Ламар Одом. Лаборал со само една победа и Ефес со две по осум кола само теоретски можат да се надеваат на четвртфинале.

А елиминициската фаза и покрај стартните три порази може да биде реалност за Фенербахче доколку вечерва во Истанбул биде подобар од Олимпијакос. Во случај на триумф Фенер би дошол до биланс од по 4 победи и порази и би ги достигнал актуелниот европски првак, потоа Панатинаикос и Уникаха.

Во првиот дуел од групата Ф, Макаби немаше проблеми против Галатасарај и триумфираше со 97:81 најмногу благодарение на 16-те постигнати тројки од 28 обиди. Пнини баша најпрецизен со 17 поени, додека кај турската екипа Хеирстон постигна 18. Израелците имаат 6 победи и два пораза, но лидерското место може да им го преземе ЦСКА која во Москва е апсолутен фаворит против Локомотив Кубан. Истото важи и за Реал кој во Мадрид го пречекува Партизан. И двете екипи имаат ефект од 6 триумфи и еден пораз. Во игра за четвртфинале може да остане Баерн ако во Минхен биде поуспешен од разочарувањето и последнопласираниот Жалгирис.

Група Е

Анадолу Ефес - Барселона                           84:89 продолжение

Армани Џинс Милано - Панатинаикос     77:75

Лаборал Куча - Уникаха Малага                 71:81

Фенербахче - Олимпијакос                          денеска

1. Барселона               8 - 0

2. А. Џ. Милано        5 - 3

3. Уникаха М.            4 - 4

4. Панатинаикос       4 - 4

5. Олимпијакос         4 - 3

6. Фенербахче            3 - 4

7. А. Ефес                   2 - 6

8. Лаборал К.             1 - 7

 

Група Ф

Макаби - Галатасарај                                    97:81

Денеска:

ЦСКА М. - Локомотив К.

Реал М. - Партизан

Баерн М. - Жалгирис

1. Макаби                   6 - 2

2. ЦСКА М.               6 - 1

3. Реал М.                   6 - 1

4. Галатасарај             3 - 5

5. Локомотив К.        3 - 4

6. Баерн М.                 3 - 4

7. Партизан                1 - 6

8. Жалгирис               1 - 6