Воени претставници на 29- те земји членки на НАТО во прва посета на АРМ
Високи воени претставници на 29- те земји членки на Воениот комитет на НАТО, предводени од заменик претседавачот генерал- потполковник Стивен Шепро, денеска и утре првпат престојуваат во посета на Армијата на Република Македонија...

Високи воени претставници на 29-те земји членки на воениот комитет на НАТО, предводени од заменик претседавачот, генерал- потполковник Стивен Шепро, денеска и утре првпат престојуваат во посета на Aрмијата на Република Македонија.
За време на посетата, од домаќинот- началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски, а по покана од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претставниците на Воениот комитет на НАТО, ќе бидат запознаени со подготвеноста, постигнувањата и идните планови на Армијата на Република Македонија.
Во касарната Илинден во Скопје е планирана и вежба за демонстрација на оперативните способности, опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.
Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО, а го сочинуваат началниците на генералштабовите на армите на земјите- членки на НАТО. Воениот комитет на ниво на началници се состанува три пати годишно, додека воените претставници на НАТО- земјите најмалку еднаш неделно.
